Тачи: Не очекувам успешен ден за оние кои сакаат да ја срушат Владата

од Берта Китинска

Не очекувам успешен ден за оние кои сакаат да ја рушат владата, вчера мнозинството беше на консултации со премиерот Заев, кажа претседателот на ДПА, Мендух Тачи во Утрински Брифинг.

-Многу е важно и е добра вест за граѓаните мислам дека е добиена уште една битка од стратешки аспект.На 15-ти декември информациите кои што ги имам да не кажам 99 отсто, туку 100 проценти ние ќе добиеме позитивен одговор со датум од ЕУ.Од друга страна не гледам некоја причина суштинска зошто ова сега се прави, овде гледам само стратешка причина без разлика дали сите се одговорни, не разбирливо е од принципиелен аспект една партија која со  5000 гласови како БЕСА и сега да вади нож непотребно и со тој нож да сака да ги промени стратешките ориентации на земјата, вели Тачи.

Слични содржини