Тачи откри зошто не присуствувал на лидерските средби: Ахмети и Села ми се сомнителни

од Nikola Popovski

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи се пошегувал на новинарско прашање зошто тој не присуствува на лидерските средби кај претседателот на државата Стево Пендарвски за датумот на изборите.

Според него, Али Ахмети и Зијадин Села  биле сомнителни од здравствен аспект.

„Тоа беше шега. Мој и став на ДПА уште од првата средба со претседателот, се сеќавате дека средбите со претседателот претставуваат компромитирачка слика за албанските политички сили, две македонски партии, додека 5 -6  албански. Ова го вклучува претседателот, кој сака да манипулира, кој не ги почитува бројките, не ја почитува репрезентативноста и на таа средба реков дека не сакаме да учествуваме во овој маскембал на албанската политика“, изјави Тачи.

Сепак, тој додал дека направиле компромис на средбите да присуствува некој партиски функционер за да не оставеле впечаток дека се незаинтересирани.

Слични содржини