Тачи: Пред нас се многу предизвици, но остануваме непоколебливи во напорите да ја консолидираме нашата државност

од Aleksandar Petrovski

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод формирањето на новата влада,  синоќа оцени дека пред Приштина се голем број предизвици.

„По фер и демократските избори Косово успешно ги воспостави сите институции, вклучувајќи ја и новата влада. Пред нас се голем број предизвици, но остануваме непоколебливи во напорите да ја консолидираме нашата државност и да го добиеме своето легитимно место меѓу народите на слободниот свет“, порача Тачи на Твитер.

Пратениците во Приштина синоќа ја изгласаа новата влада, која ќе биде предводена од лидерот на Самоопределување Алби Курти.

Собранието го одобри формирањето на новата влада со 66 гласови за и 10 воздражни.

Слични содржини