Тачи сака нова влада, а Курти – нови избори

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, оваа недела објави дека се консултира со парламентарните партии за формирање нова влада, на што, според „Коха Диторе“, нема да се отповикаат претставници на Самоопределување на техничкиот премиер Албин Курти, чија влада е соборена.

Според толкување на правниците, мандатот на Тачи да формира нова влада не може да се понуди на ниту една друга страна, освен ако Самоопределување, движењето кое освои најмногу гласови на изборите во октомври, експлицитно не се откаже од тоа право.

Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) на Иса Мустафа, кој ја започна иницијативата за недоверба против Владата на Курти, се обидува да формира стабилна влада во времето на пандемијата на коронавирусот и не ја исклучува можноста да биде дел од новата влада.

Движењето Самоопределување, сепак, не сака нова влада, туку бара Тачи да распише предвремени парламентарни избори.

Осврнувајќи се на уставот минатата недела, Курти му соопшти на Тачи дека може да го распушти само парламентот.

Курти тврди дека постои фундаментална разлика помеѓу ситуацијата кога премиерот ќе поднесе оставка и кога парламентот ќе изгласа недоверба во владата.

Гласањето за недоверба, рече Курти, значи дека Тачи треба да распише нови предвремени избори.

Слични содржини