Тачи: Трамп со писмата го скицираше епилогот на дијалогот Косово-Србија

од Aleksandar Todeski

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека претседателот на Соединетите Амрикански Држави Доналд Трамп покажал големо внимание за јакнењето на мирот и стабилноста во Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека писмата што Трамп пред нешто повеќе од една година им ги упати нему и на претседателот на Србија Александар Вучиќ, „го скицираа епилогот на процесот на дијалогот меѓу Косово и Србија, кој треба да заврши со меѓусебно признавање“.

Косовскиот претседател му оддаде признание и на специјалниот пратеник на Трамп за дијалогот Приштина – Белград, амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел и изрази очекување дека процесот на дијалог ќе се затвори во блиска иднина.

– Под водството на претседателот Трамп и со одличната работа на амбасадорот Гренел имам целосна доверба дека овој процес ќе се затвори што поскоро со меѓусебно признавање на Косово и Србија. Благословени сме со постојаната поддршка на САД за косовскиот народ и држава, напиша Тачи. 

Слични содржини