Тачи: Влада без Албанците може да донесе само војна

од Nikola Popovski

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во дебатната емисија на ТВ 21 изјавил дека Влада без Албанците може да донесе само војна.

„Али Ахмети вели дека се партија за интеграција а 20 години наназад е националистичка партија, прав манипулатор кој провоцира одредена ситуација. Нема Влада без Албанците, војна може да има“, посочи Тачи.

Тој изјавил дека кандидатурата на Насер Зибери е само илузија и лага на ДУИ.

„Кандидатот за премиер Албанец е политички мртов. Прифаќам да излезе на дебата и да не прави вакви шеги. Насер е политички мртов, Ахмети си игра со него“, смета Тачи.

Слични содржини