Тачи: ВМРО-ДПМНЕ беше ориентирана кон ЕУ, сега не можам да ги препознаам

од Viktor Jovanov

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва на ТВ21 рече дека е подготвен на соработка со ДУИ, но под еден услов, а тоа е да прифатат да биде вицепремиер во новата влада.

„ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив и да соработувам, ако прифатат да бидам вицепремиер“, рече Тачи.

Тој додава дека заслужен за влезот во НАТО сепак не е Али Ахмети, туку лидерот на СДСМ и премиерот на Северна Република Македонија пред техничката влада, Зоран Заев.

Во однос на политичкото делување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тачи вели дека не може да ги препознае и дека постои голема промена во партијата од 1999 кога беа коалициони партнери.

„ВМРО-ДПМНЕ беа наши стратешки партнери, а денеска не ги познавам. Во 1999 година ВМРО-ДПМНЕ беше западно ориентирана, насочена кон ЕУ, денеска не ја гледам оваа политичка партија како таква“, вели Тачи.

Слични содржини