Тага на белградските гробишта: Арнериќ со аплауз испратена на вечното почивалиште

Актерката Неда Арнериќ која почина на 10 јануари на 67 години, денес напладне беше испратена на вечното почивалиште.

Бројни членови на семејството, пријатели и колеги се собраа за последен пат да ја поздрават Неда, а пред нејзиното тело да биде испратено на кремација, нејзниот брат Предраг ја бакнал.

Телото на саканата актерка беше испратено на кремирање со неколкуминутен аплауз.

-Нека и е вечна слава и фала – рекол нејзиниот брат Предраг.

Пред два дена во Југословенската кинотека во Белград беше одржана комеморација за актерката.

Неда Арнериќ, родена на 15 јуло 1953 година во Књажевец и имаше богата актерска кариера. Одиграла повеќе од 110 филмови и телевизиски улоги и 40 театарски претстави.

Слични содржини