Тајани: Се уште има можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток.

„Создавањето на либанскиот фронт и директната интервенција на Иран го зголемија ризикот од регионален конфликт од големи размери, но ескалацијата уште повеќе не турка да работиме на мирот и дијалогот. Апелираме на одговорност на сите регионални актери“, рече Тајани на состанокот на Комисијата за надворешни работи и одбрана, пренесе „Анса“.

Италијанскиот министер, исто така, ја истакна важноста од „одржување на дијалогот со Иран“, повикувајќи ги „сите, вклучително и Израел“ да работат на деескалација и да се избегне конфликт што може да предизвика нови жртви, особено меѓу цивилите.

Слични содржини