„Тајм“ ги прогласи Бајден и Леброн за личности на годината

од Nikola Popovski

Списанието „Тајм“ секој декември ја избира највлијателната личност на годината од 1927 година. Оваа година, сепак, не едно, туку две лица го добија тоа признание. Личности на годината на списанието за 2020 година се американски политичари од Демократската партија, Џо Бајден и Камала Харис.

Бајден неодамна триумфираше на претседателските избори во САД, со нешто повеќе од 81 милиони гласови, а Харис ќе биде негов заменик во Белата куќа, наведува „Сити магазин“.

Ваква насловна страница, посветена на новиот претседател на САД, е всушност традиција – Трамп го доби истото признанение во 2016 година.

Списанието „Тајм“ избра и спортист на годината, а според нив тоа е 35-годишниот кошаркар Леброн Џејмс, член на Лос Анџелес Лејкерс, кој со оваа екипа ја освои титулата шампион во НБА-лигата во 2020 година.

Тој беше избран за најкорисен играч во финалната серија на ова натпреварување.

Кога станува збор за светот на забавата, „Тајм“ одлучи да и оддаде признание на корејската поп група БТС.

Слични содржини