Тајната на среќниот брак е во тоа да паровите поминат пет дена и ноќи одвоени, покажало новото истражување.

Оние испитаници кои често мораат да работат далеку од дома одговориле дека се посреќни во своите врски од оние кои не мораат често да патуваат. The Sun пишува дека одвоеноста им помага на луѓето да сфатат колку ги сакаат своите партнери и колку им недостасуваат кога не се заедно.

Меѓутоа, пет дена е оптимален број денови за задоволство, доколку раздвоеноста трае подолго или пократко, задоволство опаѓа.

Анкетата во која учествувале 2.000 луѓе била спроведена од Travelodge и се покажало дека четворица од десет луѓе кои редовно патуваат се екстремно посреќни во своите врски. Истото чувство на среќа во врските имале само три од десет испитаници кои не патуваат редовно поради работа, или други околности.

Слични содржини