Тајни што ги откриваат само вистински заљубените мажи

од desk2

Познато е дека мажите најчесто не сакаат да разговараат за своите емоции, ниту пак да ги покажуваат пред другите. Но, кога ќе се заљубат, сите нивни бариери паѓаат и тие се спремни целосно да се отворат. Од жените кои навистина ги љубат немаат потреба ништо да кријат, па ако тој ви ги открил овие нешта, тоа е знак дека е ваш во целост!

1. Ви кажува дека сака да ве гушка
Иако можеби пред пријателите ќе глуми дека не сака нежности, секој заљубен маж, исто како и жената, обожава да се гушка со саканата личност, особено пред спиење. Ако ви го признал ова, тоа значи дека е луд за вас!

2. Ви признава дека се плаши да ве изгуби
Стравот од загуба е чест во врските, и кај мажите и кај жените. Но, мажите повешто го кријат. Па, ако тој ви дал до знаење дека ве цени многу во својот живот и дека се плаши да ве изгуби, тогаш станува збор за вистинска љубов.

3. Ви бара емоционална поддршка
Како што веќе спомнавме, мажите се навикнати да ги чуваат емоциите во себе, но кога се чувствуваат сакано, и кога и самите љубат, тие ќе побараат совет или поддршка во тешките моменти. Тоа значи дека целосно ви верува и дели сè со вас.

4. Ви ги открива сексуалните фантазии
Ако тој е искрен за тоа што навистина го сака меѓу чаршафите и ако се грижи и за вашите сексуални фантазии, сакајќи да ве задоволи, тогаш го имате вистинскиот маж покрај вас! Тоа значи дека не се грижи само за себе, туку и за вас.

Слични содржини