Нивното име било SADM, а биле нуклеарни бомби кои буквално можеле да влезат во војнички ранец. Во текот на Студената војна, американската војска ги имала десетина, а специјалците биле обучувани како да влезат меѓу непријателски единици и да го активираат ова оружје.

По Корејската војна САД константно се обидувале да ја зголемат големата воена предност која ја имале пред СССР, па така развивале не само подморници и ракети за уништување на непријатели, туку и оружја со кои мал број на војници би можеле да уништат стотина непријателски бори.

Бомбата SADM била тешка околу 27 килограми, а можела да се носи како дел од воената опрема. Оружјето било предвидено за напади на аеродроми, индустрија но и бојни полиња.

Ветеранот Марк Бентли минал обука за користење на SADM и се сеќава дека го учеле каде треба да се постават бомбите и како се пушта тајмерот.

Тој знаел дека нивното активирање би било самоубиствена мисија, бидејќи бомбата имала сила како една шеснаесеттина од таа во Хирошима.

Овие бомби никогаш не биле користени во борба, но САД планирале да ги употребат во Европа ако СССР започне инвазија. За среќа, заминале во пензија во 1989-та година./Точка

Слични содржини