Тајпеј: Кина испрати 51 авион и шест бродови кон Тајван

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружените сили на Тајван денеска регистрираа приближување на 51 авион и шест воени бродови на Народноослободителната војска на Кина до островот, соопшти тајванското министерство за одбрана.

„Од 17:00 часот по локално време, тајванските вооружени сили забележаа активност на 51 авион и шест бродови во морето и воздушниот простор во близина на Тајван“, се наведува во извештајот, пренесува РИА Новости.

Забележано е дека „средишната линија“ на Тајванскиот теснец ја минале 25 авиони, меѓу кои 12 ловци Су-30, шест Ј-16, четири Ј-10, еден авион за електронско војување И-8 и два бомбардери тип „Х-6 “.

Слични содржини