Тајсон објави кој е фаворит помеѓу Вајлдер и Фјури

од Vladimir Zorba

Легендата на боксот Мајк Тајсон призна дека е обожавател на Тајсон Фјури. Следната недела, Британецот ќе се соочи со шампионот на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер. Судирот ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас, САД.

„Ми се допаѓаат обајцата како борци“, призна Тајсон.

„И двајцата дојдоа од никаде и станаа светски шампиони во тешка категорија. Мора да се однесувате кон нив со почит кон нивниот успех. Јас еднаш бев во нивна позиција“.

„Во првиот меч се надевав дека Тајсон Фјури ќе победи. Јас сум секогаш за него затоа што тој го добил името според мене. Тоа е најнормалното нешто што треба да го направам, нели? Отсекогаш ми бил симпатичен, тој е многу пријатен човек. Но, никогаш не сум го разбирал“, признал Тајсон.

„Тој е многу подобар отколку што изгледа. Тој изненади многу луѓе кога застана на нозе по нокаутот во дванаесеттата рунда. Тој стана и ја освои последната, покажувајќи дека е цврст. Мислев дека е готово, но тој застана. Тој беше како Роки. Потоа се врати во игра. Беше неверојатно, јас сум негов обожавател. Потребно е многу издржливост и верба за да го стори тоа“, рече Тајсон.

Слични содржини