Тајсон објави ново брутално ВИДЕО

од Vladimir Zorba

Легендарниот Мајк Тајсон покажа ново видео од свој тренинг, што со секој изминат ден го приближува до посакуваното враќање во рингот. Овој пат, поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија го нагласува своето познато движење со главата надолу.

Тајсон планира серија хуманитарни битки за да и покаже на помладата генерација зошто тој сè уште треба да се нарече „најлошиот човек на планетата“.

И додека критичарите се сомневаат дека тој може да ја задржи таа енергија на бесен бик, како што е нагласено во неговите нови видеа, тој сигурно изгледа сè пожестоко.

„Се чувствувам незадржливо. Боговите на војната ме разбудија. Тие го запалија моето его и сакаат тие да одам повторно во војна“, рече тој.

Слични содржини