Тајван продолжува да ги „покажува мускулите“ на Кина

од Milan1

Тајван продолжува да ги „покажува мускулите“ на Кина. Тие сега го открија најновото воено засилување – надградените борбени авиони Ф-16 кои ќе бидат во центарот на одбраната на островот во случај на воздушен напад од Кина.

Авионот е надграден од постарите борбени авиони Ф-16А/Б, првично купени од Тајван во 1990-та, и се опремени со напредни радарски системи и нови компјутери, според официјалната „Централна новинска агенција“ (CNA).

Островот планира да надгради 141 ловец на понова верзија до 2023 година

Тајван, исто така, купи 66 нови „Ф- 16В од“ од САД, а испораката се очекува да започне во 2023 година, објави

Кинеската кумунистичка власт го засили притисокот врз Тајван, меѓу другото и со испраќање 150 воени авиони во близина на островот, што го натера Тајпеј да издаде предупредувања и да распореди ракетни системи за воздушна одбрана за следење. Комунистичките власти во Пекинг одбија да ја исклучат употребата на сила за да го окупираат Тајван и покрај тоа што никогаш не владееле со него. Демократскиот остров има своја влада и војска од крајот на кинеската граѓанска војна пред повеќе од седум децении.

Слични содржини