Тајвански министер: Загрижен сум, но треба да ѝ покажеме на Кина дека не се плашиме

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Тајван, Џозеф Ву, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека заканите кон неговата земја кои доаѓаат од Кина не се ништо ново. Сепак, Ву забележува дека е загрижен за најновите случувања.

„Кина со години му се заканува на Тајван, а во последниве години станува се посериозно и секогаш било така. Кинеската воена закана отсекогаш била тука. Луѓето во Тајван можеби се загрижени, јас сум малку загрижен. Загрижен сум Кина да не започне војна против Тајван“, рече Ву.

Но, тој вели дека Тајван е поотпорен од порано:

„Треба да им покажеме дека не се плашиме“.

Слични содржини