Тајванското МНР е загрижено дека Кина може да започне војна

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву рече дека е загрижен оти Кина може да започне војна со Тајван.

„Загрижен сум дека Кина всушност може да започне војна против Тајван. Но, она што тој го прави во моментов се обидува да не исплаши и најдобар начин да се справиме со тоа е да и покажеме на Кина дека не се плашиме“, рече Ву во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој изјави дека Пекинг со години му се заканува на Тајпеј и дека заканите станале посериозни во последните неколку години.

Како одговор на неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј, Кина започна воени вежби околу Тајван.

Пекинг го смета Тајван за одметничка провинција и се спротивставува на секој дипломатски контакт на тајванските власти со други земји.

Министерот Ву рече дека воената закана на Кина отсекогаш постоела, без оглед на посетата на Ненси Пелоси, и додаде дека посетите на странски претставници се важен дел од стратегијата на Тајван против обидите на Кина да ја изолира од меѓународната заедница.

„Кина не може да нареди Тајван да не ги прима оние што сакаат да дојдат и да го поддржат да го посетат“, рече Ву.

Слични содржини