Таксист на задното седиште пронашол 3 коверти со 12.000 евра: Парите веднаш ги вратил, а наградата која ја добил ќе ве изненади

од Берта Китинска

Таксистот Никица Рукавина го возел мажот кој доживеал сообраќајна несреќа во Карловац до Дубровник и го оставил на саканата дестинација и се упатил назад кон Карловац.

Но, набрзо добил повик од централата и неговите колеги му рекле дека клиентот се пожалил дека изгубил голема сума пари.

Таксистот, кој веќе бил во близина на Сплит, застанал, погледнал на задното седиште и видел коверти со пари. Според неговата проценка, во трите коверти имало околу сто илјади куни, иако не ги броел парите.

Никица без двоумење го свртел таксито и се вратил во Дубровник за да му ги врати парите на клиентот.

Ковертите со задоволство биле вратени на сопственикот, а се испоставило дека во нив имало 90.000 куни (скоро 12.000 евра).

Според хрватските медиуми, Никица за наградата добила сто куни, што е нешто повеќе од 13 евра, што многумина го опишаа како срамна награда.

Слични содржини