Талат Џафери е првиот функционер кој јавно прими вакцина против Ковид-19

од Andreja Salpe

Собранискиот спикер, Талат Џафери е првиот функционер кој јавно прими вакцина против Ковид – 19.

-Како што и беше најавено, пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, вклучително и претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се вакцинираа со вакцината што беше на располагање, односно со „Спутник“. Со градењето на колективниот имунитет, се придонесува кон успешното справување со пандемијата. Тоа е секако заедничка одговорност, и успешноста лежи во масовното вакцинирање. Должност на секој од нас е да придонесе за што поскоро надминување на предизвикот КОВИД – 19, соопштуваат од Собранието.

Слични содржини