Талески: Усвоен Законот за служба во Армијата,подобри услови за работа и пензионирање на војниците

од Берта Китинска

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, откако ова законско решение цела година беше блокирано од страна на опозицијата.Овие измени и дополнувања обезбедуваат сериозни придобивки за припадниците на Армијата.Следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2.000 денари, вели пратеникот од СДСМ, Миле Талески.

Тој посочува дека со законот професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата.

-За активниот воен и цивилен персонал се предвидува исплата на боледување во висина од 100 % од основната плата и додатоци на плата, а се воведуваат поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата.Придобивки има и во делот на пензионирање на војниците.Од сега, војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста.Има и нова пресметка за активен воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата, во висина од 80% од најповолните 10 години од пензискиот стаж.Со измените се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1000 евра за секоја година помината во службата.Она што исто така е важно е тоа што со законските измени се регулира областа на професионалност, непристрасност и законитост во вршењето на должностите во Армијата и во Министерството за одбрана, на политички неутрален начин, кажа тој.

Слични содржини