Талибанците јавно камшикуваа дваесетина луѓе во Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska

Дваесетина лица беа камшикувани денеска во Авганистан како казна за наводна прељуба, кражба и други злосторства според талибанското толкување на исламскиот закон, изјави денеска претставник на провинцијата.

Според АП, јавното камшикување се случило на спортски стадион во градот Лашкар Гах во јужната авганистанска провинција Хелманд, а секој маж бил удиран меѓу 35 и 39 пати во присуство на талибански претставници, верски старешини и локални жители.

Неутврден број лица се осудени на казна затвор за други кривични дела.

Слични содржини