Талибанците во Авганистан им забранија на жените да одат во теретана

од Stefanija Kuzmanovska

Талибанските власти во Авганистан им забранија на жените да ги користат услугите на спортски сали, изјави денеска портпаролот на авганистанското министерство за морал и борба против пороците.

Тој рече дека забраната е воведена затоа што не се почитува правилото за полова сегрегација и затоа што жените не го почитуваат носењето хиџаб.

Портпаролот на авганистанското министерство за морал и борба против пороците изјави дека на жените им е исто така забранет престој во паркови, пренесе АП.

Слични содржини