Талибаните не се предаваат: Најавена е нова офанзива – приоритет е убивање и киднапирање Американци

од desk2

Талибаните во соопштението објавено на интернет порачуваат дека нивната нова офанзива ќе биде концентрирана на кршење, убивање и киднапирање на „американските освојувачи“.

Додека ова ќе биде првиот приоритет во новата најавена офанзива на Талибаните во Авганистан, убивањето на „внатрешните поддржувачи на САД“, како што се авганистанската влада и авганистанските војници, ќе се сметаат за втор приоритет.

Се чини дека новата офанзива на Талибаните ќе биде одговор на последната американска стратегија спроведена во Авганистан, која што вклучува зголемување на присуството на американските војници во оваа централноазиска држава, по наредба на претседателот Доналд Трамп.

Талибаните денеска ги обвинија Соединетите Американски Држави и авганистанската влада дека го саботираат мирот, поддржувајќи војна, со тоа што американските сили ќе останат во воените бази ширум Авганистан.

И покрај тоа што американските и авганистанските власти досега во неколку наврати се обидуваа да ги доведат талибаните на преговарачка маса, милитантите се уште ја немаат прифатено мировната понуад со која што најверојатно ќе биде ставен крај на конфликтот кој што трае неколку децении.

Според милитантите, меѓународниот сојуз во Авганистан претставува инвазија на нивната држава, а авганистанската влада е марионета на Соединетите Американски Држави.

Слични содржини