Талибанците бараат луѓето да го напуштат аеродромот во Кабул

од Stefanija Kuzmanovska

Талибанците побараа луѓето кои немаат дозвола за патување да ги напуштат влезните порти на аеродромот во Кабул, каде што претходните денови беа убиени 12 лица, соопштија денеска талибанските претставници и претставници на НАТО.

Талибански претставник изјави дека луѓето загинале во престрелки и стампеда. Тој ги повика луѓето без правна основа да патуваат за да ги напуштат портите и областа на аеродромот и да заминат во своите домови.

– Не сакаме да повредиме никого на аеродромот – изјави службеникот кој не сакаше да биде именуван.

Илјадници луѓе пристигнаа на аеродромот во Кабул во последните денови во обид да го напуштат Авганистан, откако Талибанците брзо ја зазедоа целата земја, вклучително и главниот град.

Слични содржини