Талибанците ги собираат наркозависниците од под мостови ги шишаат и ги носат во центри за одвикување (ФОТО)

од Milan1

Откако ја презедоа власта во Авганистан, талибанците почнаа брутално да се справуваат со епидемијата на злоупотреба на дрога во таа земја, собирајќи зависници како говеда и гонејќи ги на начини кои потсетуваат на концентрациони логори.

Во последните недели, талибанците извршија рација во главниот град Кабул за да фатат бездомници зависни од локално произведените опијати.

image

Талибанската полиција ги собирала под мостовите и од парковите, ги тепала, а потоа ги носела во центар за рехабилитација.

Прво им го одземаат целиот имот, паричници, ножеви, прстени, запалки, дрога и облека, а потоа се што е одземено го фрлаат на куп и го запалуваат пред нив. Ги соблекуваат во долна облека, а потоа им ги бричат ​​лицата и главите.

image

Следниот чекор е превоз до одделот за рехабилитација, каде што ќе поминат три месеци во затворен простор, само со мала помош на лекар. Тие се испратени во болницата за зависности Авицена, во предградие на Кабул.

Таа локација порано беше воена база на САД, но денес е центар за рехабилитација во кој може да се сместат до 1.000 пациенти. Во болницата моментално има околу 700 зависници, а Асошиетед прес јавува дека талкаат по ходниците како духови, боси и облечени во идентични болнички пижами. Многумина страдаат и од ментални болести и се жалат дека не се доволно хранети. Лекарите во болницата им рекоа на новинарите дека „гладот ​​е дел од процесот на рехабилитација“.

image
Болницата ги потрошила резервите на медицински опијати кои се користат за ублажување на симптомите, а болничкиот персонал со месеци не земал плата.
Благодарение на полињата со афион, Авганистан е една од водечките земји во светот во производството на хероин, а во последниве години стана и значаен производител на метамфетамин, што доведе до епидемија на зависност низ целата земја.
image
Локалните организации тврдат дека во Кабул има меѓу 100.000 и 150.000 зависници од хероин. За талибанците дрогирањето е кршење на шеријатскиот закон, поради што се впуштија во борба против ова зло. „Ова е само почеток, подоцна ќе тргнеме по земјоделците и ќе ги казниме според шеријатот “, изјави лидерот на талибанската патрола Кари Гафур за АП.
image
image
image
image
ФОТО: Bulent Kilic

Слични содржини