Талибанците сакаат да воспостават воздушен сообраќај со Русија и Турција

од Nikola Popovski

Новата влада во Авганистан се надева дека ќе го обнови воздушниот сообраќај со Русија и Турција, изјави претставникот на политичката канцеларија на движењето „Талибан“ (организација забранета во Русија), Сухејл Шахин.

– Да, сакаме да воспоставиме воздушен сообраќај со двете земји. Немам детали за датумот на продолжување на сообраќајот, но сакаме да започнат летовите – изјави Сухejл Шахин за Спутник.

Тој не даде јасен одговор на прашањето дали очекува хуманитарна помош од Турција и Русија.

Русија наскоро би можела да испрати хуманитарна помош во Авганистан.

Претходно, извори зa Ал Xезира изјавиле дека четири авиони на ОН со храна слетале во Кабул. Ова се првите авиони на ОН што пристигнаа во Авганистан по завршувањето на американската мисија во таа земја и предавањето на аеродромот на Талибанците.

Слични содржини