Талибанците објавија целосна забрана за употреба на девизи во Авганистан. „Економската ситуација и националните интереси во земјата бараат сите Авганистанци да ја користат само домашната валута при секоја трговија“, изјави портпаролот на талибанците.

Употребата на американски долари е широко распространета на авганистанскиот пазар, додека валутите на соседните земји како Пакистан се користат во пограничните области за трговија.

На 29 октомври, портпаролот на талибанците Мухамед Сухаил Шахин ја повика меѓународната заедница итно да обезбеди материјална помош од 1,2 милијарди американски долари ветена на земјата на виртуелниот самит на Г20

Шахин, кој е назначен за авганистански амбасадор во ОН рече дека владата на талибанците е подготвена целосно да соработува преку одредени агенции и други невладини организации.

Тој рече дека меѓународната заедница треба да го поддржи Кабул со одмрзнување на речиси 10 милијарди американски долари од авганистанските фондови во странство и продолжување со финансирањето на развојот и проектите ветени на конференцијата во Женева.

Слични содржини