Тамара ја испеа „Proud“ на Парадата на гордоста (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Нашата пејачка, Тамара Тодевска ја испеа песната „Proud“ пред учесниците на денешната прва Парада на гордоста во државава. Таа им го посвети текстот на песната на присутните.

Со транспаренти и знамиња со боите на виножитото, учесниците парадираа по скопските улици, а забележливо беше присуството на учесници од повеќе држави, меѓу кои Грција, Бугарија, Србија, Велика Британија.

На настанот беа присутни членови на Владата,меѓу кои министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, советникот Роберт Алаѓозовски, екс-пратеникот Павле Богоевски, како и голем број членови на невладини организации.

Слични содржини