Тамара на Твитер: Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам

од desk4

„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, кратко напиша Тамара на својот Твитер профил откако заврши гласањето и Холандија беше прогласена за победник.

 Заклучокот е дека Тамара  и Северна Македонија  се на врвот на евровизиското натпреварување, највиско пласман досега.Перфектно отпеано.

Фото: eurovision.tv

Холандија по 44 години повторно ќе организира избор за песната на Евровизија. Нејзиниот претставник Данкан Лоренс, со нумерата „Аркаде“, собра вкупно 492 бода од стручното жири и публика и победи на годинашната манифестација во Тел Авив. Музичкиот спектакл во Израел го збогати американската поп ѕвезда Мадона која неколкуминутниот настап го наплати со 1,5 милиони долари.

Фото: apnews.com

Одличен настап, и сценски, и резултатски и во генералниот пласман, забележа Тамара Тодевска која на крајот го освои осмото место со 295 бода. Но, песната „Прауд“ беше конкурентна за севкупна победа до последен момент.

Во најголем дел од јавувањата од телевизиските центри беше во убедливо водство што го презеде по 13 јавување, а на крајот заврши на второто место со два бода помалку од Шведска по изјаснувањето на израелското жири.

Македонската песна доби гласови од 36 земји учеснички од вкупно 41 на Евровизија 2019. Најмногу (12) доделија Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија. Десетки дадоа Норвешка, Италија, Унгарија, Хрватска, Ерменија и Данска, а бодови освои и од Португалија (5), Азербејџан (8), Малта (3), Сан Марино (1), Холандија (3), Црна Гора (7), Полска (8), Р. Ирска (5), Романија (7), Австралија (7), Русија (4), Германија (7), Исланд (8), Грција (1), Летонија (8), Чешка (7), Франција (7), Финска (7), Словенија (2).

Ова е најдобар пласман на македонски претставник на изборите за песна на Евровизија од 1998 година кога дебитира Владо Јаневски со „Не зори зоро“. Тамара Тодевска  перфектно ја отпеа својата нумера и беше на врвот до самиот крај, откако гласовите на публиката ја дефинираа на 8 место.

Слични содржини