Актуелно
Почетна / Бизнис / Танасоски: Ќе се формираат зелени коридори на граничните премини

Танасоски: Ќе се формираат зелени коридори на граничните премини

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на денешната прес-конференција информираше за конкретните мерки во областа на прекуграничната трговија.

Покрената иницијатива за зелени коридори каде што сите земји членки на ЦЕФТА се обврзани да обезбедат 24 часовна работа на гранични премини за увоз и извоз на стока.Тука се опфатени свежите земјоделски производи, лековите и медицинската опрема, рече директорот.

Како што соопшти, вредноста на извозот во  јануари-март 2020 изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарда евра што е повеќе за 210 милиони евра во однос на 2019 година. Вкупната количина на извезена стока, пак, изнесува 702.650 тони.

„Покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленчук во март 2020 година е поголем за околу 3.000 тони во однос на 2019 година, додека кај вредноста се бележи благо намалување. Во март 2020 година изнесувал 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра. Што се однесува на извозот на свежото овошје, во март 2020 година е поголем за околу 1 милион евра во однос на 2019 година. Извозот на свежо овошје во март 2020 година изнесувал околу 3,7 милиони евра или околу 9.126 тони“, објасни директорот Танасоски.

loading...