Таравари: Јавна тајна е дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ интензивно разговараат за ново мнозинство

Во рамки на своето гостување во „Утрински брифинг“, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари се осврна пред се на бројот на заразените лица од Ковид 19, но и на актуелната состојба на политичката сцена.

„Не е само БЕСА онаа која избега од мнозинството и другите помали партии бегаат од таму како да ќе се случи нешто. И во ДУИ има незадоволство од раководството и сметам дека не е случајно што веќе три недели нема кворум во Собранието. Дефинитивно сепак, не очекува интересна политичка пролет. Факт е дека никогаш немало стабилно мнозинство, но и вака нестабилно. Сепак, постојат наводи кои покажуваат дека оваа Влада е дисфункционална. ВМРО ДПМНЕ има канали на комуникација со нас, но имам впечаток дека интензивна комуникација имаат и со ДУИ. Дали ќе направат ново мнозинство не знам, но јавна тајна е дека комуницираат меѓу себе. БЕСА нема да биде никогаш заедно во Влада со ДУИ, и еднаш „згрешивме“ во 2017. година кога бевме заедно“, истакна Таравари.

Слични содржини