Таравари ќе биде шеф на изборниот штаб на Алијанса за Албанците

од Vladimir Zorba

Партијата Алијанса за Албанците на редовен состанок на Централното претседателство во Тетово денеска изврши избор на претседател на Централниот изборен штаб за предвремените избори на 12 април 2020. Од членовите на Централното претседателство едногласно за претседател на Централниот изборен штаб е избран генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, информираат од партијата.

-Таравари го увери Централното претседателство дека партиската централа заедно со изборниот штаб како и со сите локални службеници и политички активизам ќе обезбеди и гарантира убедлива победа на Алијансата за Албанците на изборите на 12 април 2020 година, соопштуваат од Алијансата за Албанците.

Арбен Таравари е актуелен градоначалник на Гостивар.

Слични содржини