Таравари: Комисијата за заразни болести комплетно да се смени

од Aleksandar Petrovski

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари смета дека владините одлуки за справување со коронавирусот не се соодветни, мерките се целосно олабавени за да се протуркаат избори, а земјава влегува во втор бран на пандемија пренесе „Гостивар Прес“.

Тој препорачува Комисијата за заразни болести целосно да се смени и нуди кадри кои се професионални и кои нема да бидат под притисок на политиката.

-Тоа што состојбата е стабилна, не значи дека така ќе остане. Владата и функционерите најпрво треба да почнат кампања и да ги научат луѓето како да живеат со овој вирус. Без подигнување на свеста ништо не сме направиле. Ако ме прашате, би препорачал Комисијата за заразни болести комплетно да се смени. Ние имаме кадри кои се професионални и кои нема да бидат под притисок на политиката. А потоа да се почне од почеток за да не ни се случи трет или четврти бран. Веднаш после карантинот за бајрамските празници целосно се олабавија мерките и ова е тоа што го доживуваме, втор бран епидемија. А сето тоа се прави дефинитивно поради одржување избори. Ние сме први во светот коишто пред завршувањето на првиот бран, веќе влегуваме во втор бран – изјавил Таравари.

Целиот текст тука.

Слични содржини