Таравари: Можна е коалиција со сите партии вклучтелно и СДСМ, само не со ДУИ

Во своето гостување на Тв21, генералниот секретар на Алијанса за албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Тавари посочи дека не се исклучува можноста за коалиција и со владејачката СДСМ.

Тој додаде и дека ваквата коалиција не би била можна со ДУИ.

„Нема теорија да ја раскинеме коалицијата со Алтернатива. Гледаме опции и за други коалиции. Можно е да има коалиција со сите партии, со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ, само со ДУИ не. Сметам дека нашата коалиција со Алтернатива е силна. За локалните избори ќе ги прегледаме сите опции, но дефинитивно со ДУИ нема коалиција“, порача Таравари.

 

Слични содржини