Таравари: Не коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ, туку имаме соработка во одредени општини

од Nikola Popovski

„Ќе имаме соработка и со други партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ, во зависност во која општина имаме потреба“, изјави генералниот секретар на Алијанса на Албанците (АА), Арбен Таравари за емисијата „Жешко политичко лето“.

Според него, тоа што ќе го имаат со ВМРО-ДПМНЕ, генерално не е коалиција, па да имаат заеднички листи и кандидати секаде.

„Имаме одреден договор за одредени општини, каде што можеме да си помогнеме едни со други. Гледаме нови ликови во ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Таравари.

Тој додаде дека ДУИ е канцерот на општеството и тоа не била само негова констатација, туку е заклучок што го добил по разговор со други политичари и меѓународни соработници.

„Имаме институции кои што се дуизирани, а не политизирани. Имате луѓе од ДУИ кои што се во полиција, а попладне се во штабови“, истакнува Таравари.

Слични содржини