Таравари нема да му се извини на Заев: Слободно нека ме тужи

од Nikola Popovski

Тој знае дека и јас знам. Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи, тука сум. Меѓутоа ќе дојде времето кога за оваа работа ќе се прозбори јавно, изјави градоначалникот на општина Гостивари, Арбен Таравари, додавајќи дека нема да му се извини на премиерот Зоран Заев, по изјавата во која кажа дека нудел пари на пратеничка за да ја придобие при формирање на парламентарно мнозинство.

Таравари тврди дека ја зборувал вистината и оти двајцата знаат што се случило.

-Јасно е што е направено, изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците.

Таравари неодамна изјави дека пратеничка од нивните редови добила парична понуда за да прејде во актуелното парламентарно мнозинство.

-Во оваа држава се може да се направи. Пратеничката добила понуда од другари од премиерот и од самиот премиер. Ова е циркуз држава, рече Таравари во Дневникот на ТВ Сител.

Слични содржини