Таравари: Ова не е уцена, ова е Предлог-закон за државјанство од голема важност за квантум луѓе

Во своето гостување, во „Вин-вин“, актуелниот градоначалник на Гостивар и член на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари посочи дека политичките партии ги игнорираат барањата на коалицијата Алијанса и Алтернатива кои се од исклучителна важност.

„Се работи за закон кој е поднесен од Алијанса и Алтернатива, со цел да се постави на комисиска расправа, и оттаму сите политички партии да дадат свои ставови и мислења. И иако е ставен на дневен ред, од декември се уште не е дискутирано по однос на овој закон. Па така, сите политички ентитети се поигруваат со судбината на граѓаните кои бесправно се обесправени, и не им се испочитувани основните човекови права. Ова не е уцена, ова е игнорирање на важноста на овој закон и луѓето кои немаат како да се лекуваат во најмала рака ако се разболат од Ковид 19. Замислете, имате светски шампион по карате, кој се натпреварувал за Македонија, по него се насловени две сали и една улица, и тој нема до ден денешен државјанство. Целта е накратко кажано, да помине закон макар поднесен од ВМРО, СДСМ или било кој друг, но да се обезбеди судбината на овој квантум луѓе“, истакна Таравари.

 

Слични содржини