Таравари: Парадоксално е поважен да биде полицискиот час, отколку набавката на вакцините

Во своето гостување во „Студио 10“, градоначалникот на општина Гостивар и екс министер за здравство, Арбен Таравари посочи дека набавката на вакцини е многу поважен потег отколку чекорот да се премине на полициски час, и смета дека оваа одлука е парадокс.

Како што посочува, здравствените власти кај нас не треба да се споредуваат со другите држави и по нив да воведуваат рестрикции.

„Продолжува истата приказна. Ние копираме што ќе направат соседите. Не се повикуваме на нашите бројки, туку гледаме што прават во Србија. Никогаш немаат правовремени одлуки, кога се работи за бројките во Македонија. Ова се парадоксални рестрикции. Не соодветствуваат со состојбата. Каква логика имаат рестрикциите. Наместо да донесеме што повеќе вакцини, ние се занимаваме со што повеќе мерки. Не ја гледам логиката што ќе постигнат со полициски час. Нека трчаат по вакцини, а полициски час нема логика“, посочи Таравари.

Слични содржини