Таравари позитивен на коронавирус: „Ќе бидам под надзор на лекарите“

од Берта Китинска

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари информираше дека е позитивен на Ковид 19.

„Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот SarasCov-2.Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам … со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг. Јас ќе бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè.Чувајте се!“ напиша Таравари во својата објава на фејсбук.

Слични содржини