Таравари: Предлогот за широка Влада е блеф, но ако се разговара ние имаме три услови

Во рамки на своето гостување во Студио 10, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го потенцираше ставот на Алијанса и Алтернатива во однос на подадената рака на премиерот Заев за широка или експертска Влада.

„Ние сметаме дека ова е еден блеф на премиерот, бидејќи тешко функционираат и не е стабилно нивното мнозинство. Оттаму, ако се разговара за широка или експертска Влада, ние имаме три услови. Едниот се уставните промени, односно да се тргне од Уставот 20% кога станува збор за јазикот, потоа монтираните случаи кои се многу во Македонија, па да се формира тим на обвинители од ЕУ, а третиот е по брза постапка да се донесе Законот за државјанство. И ова не е уцена, туку коректност“, истакна Таравари.

Слични содржини