Таравари: Проектот на Ахмети за прв премиер Албанец е тотална демагогија

од Берта Китинска

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, во интервјуто за „Независен“ вели дека проекрот на Али Ахмети за прв премиер Албанец е тотална демагогија.

-Човекот кој добива доверба од албанските граѓани веќе 18 години, а притоа не им овозможи ништо добро на Албанците, нема политички кредибилитет да зборува за големи идеи. Време е Ахмети да се пензионира.Неговото време заврши, а ние ќе му помогнеме да си замине, вели Таравари.

Тој додава дека не верува оти сопственикот на „Еколог“, Љазим Дестани, би влегол во авантурите на ДУИ.

-Господин Љазим Дестани е познат бизнисмен, познат во Европа и светот. Не верувам дека со таков кредибилитет би влегол во авантурите на ДУИ, кои веќе се ништожни на политичката сцена. Веруваме, очекуваме и сме сигурни дека коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе бидат сигурни победници на овие парламентарни избори. Тие имаат квалитетни и професионални кадри, докажани во своите професии, подготвени за преговорите на Северна Македонија со ЕУ, истакнува Таравари.

Слични содржини