Таравари: Речиси сите го прифаќаат францускиот предлог, само сега е поентата кој ќе поентира политички

од Nikola Popovski

Потпретседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари вчера истакна дека претходните предлози со Грција пред околу 25 години биле подобри отколку сега добиениот француски предлог за преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

-Дојдовме до позиција од Република Македонија (Скопје), прифативме Република Северна Македонија. Повторно сме во ситуација во крстопат, три затворени патишта и еден кон ЕУ. Дали ќе го започнеме сега или после 10,15 години, мораме да го започнеме. Мене ме загрижува дека овој процес на преговори не беше транспарентен. Сепак мислам дека речиси сите го прифаќаат, само сега е поентата кој ќе поентира повеќе политички. Од тоа што го прочитав има четири забелешки меѓу партиите. Не треба толку емотивно, туку рационално и трезвено. Ако сакаме целата држава се исели, тогаш можеме да тераме инает. Мислам дека нема многу разлика во однос со претходниот португалски предлог, рече Таравари во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини