Таравари: Со Ковачевски сихронизиравме околу 90% од програмските определби

од Nikola Popovski

Генерално околу 90% од програмските определби се сихронизирани. За кадровските решенија воопшто не зборувавме. Се надевам дека во следните денови ќе ја отвориме и таа тема. Се задржавме во програмските определби на нашата партија и Владата, кои што треба да ги истераме заедно во мандато, рече лидерот на Алијанса на Албанците (АА), Арбен Таравари после разговорите во Владата со премиерот Димитар Ковачевски.

Тој очекува во наредните денови да има договор и за нова средба.

-Шансите се огромни да бидеме дел од Владата. Сихронизирани се околу 90% од тоа што ние предлагаме. Определбата на државата за евроинтеграции, закони за борба против корупција и правна држава, закон за Влада, Бирото за рамномерен и регионален развој да биде Агенција за рамномерен и регионален развој. Едно од министерството за кое што имаме најдобри кадри е здравство, но воопшто не ја начнавме оваа тема, појасни Таравари пред новинарите.

Слични содржини