Таравари: ВМРО-ДПМНЕ е влезено во орото кое го води Левица

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ за жал е влезено во орото кое што го води Левица. Ние не можеме да ги вратиме, но не можеме и себе да се оштетуваме. Затоа од јуни 2022 година кажавме дека не соработуваме со вакво ВМРО. Ако продолжите со ваков наратив, ние сме тука, вели претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во емисијата „Вин-вин“.

Таравари тврди дека во најголемата опозициска партија има луѓе кои што не се согласуваат со политиките кои раководството ги тера.

-Имаме блиски пријатели во ВМРО кои што кажуваат дека оваа траекторија што ја покажува партијата, не е тоа што треба да биде. Ова дури не се препознава како автентично ВМРО каде сака да стигне. Дистанцирањето од сите албански партии не е во ред. Јас мислам дека со овој наратив и дејствување, партијата ќе има сериозни проблеми да соработуваат со некоја албанска перија, смета Таравари.

Тој вели дека „има впечаток како се враќа наративот на Груевски и периодот пред 2016 година“.

Слични содржини