Таравари: ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе го укинат договорот со Грција поради изборите, не можат да го направат тоа

од Viktor Jovanov

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во вечерашната дебата на ТВ24 изјави дека доколку и доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт нема никакви шанси да биде поништен Преспанскиот договор.

Според него гаранција за тоа е бадентеровото мнозинство кое нема никакви шанси за гласа за укинување на договорот со Грција.

-Не верувам дека ќе успеат да го променат договорот од Преспа, тоа го говорат само од пропагандистички причини сега пред изборите. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ колку што знам е европски настроено, не може да го сменат Уставот, не можат без бадентерово мнозинство ни една албанска партија која јас ја познавам нема да гласа за тоа. Единствено ако не излезе некоја нова партија, но не верувам, вели Таравари.

Слични содржини