Таравари: Во однос на пописот, со сите изјави делуваме како „раштиман оркестар“

Во своето гостување во „Топ тема“, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари посочи дека бројките се горе доле познати, но дека е неопходна статистичката операција во име на работата на локалната самоуправа, но и целосната слика за С.Македонија.

„Во рамки на пописот се работи за статистичка операција која ни е потребна на сите нас. Но, по однос на сите изјави од опозиција, позиција итн, делуваме како „раштиман оркестар“, и затоа делува дека ова ќе биде политичка операција. Ние, како политичка партија ги имаме горе долу податоците, и нема што да се плашиме да ги видиме резултатите. Оттаму ќе можеме да проектираме и за училишта и за сите останати работи. Сите сакаат да имаме веродостојни резултати. Ние ги имаме бројките за се, и истите се загрижувачки за С.Македонија. Нашите податоци велат дека морталитетот е зголемен во однос на наталитетот. Повеќе деца се родени надвор од Македонија, отколку тука. Навистина државата оттаму треба да седне и да размисли како да ги мотивира луѓето да останат тука. Треба да се работи за правна држава, да се работи на борба против корупцијата и сите тие клучни сегменти. Власта не гледам дека е транспарентна, па и ВМРО ДПМНЕ претерува во секоја критика и со секој потег“, истакна Таравари.

Слични содржини