Таравари: За Скопје немаме заземено став, ќе поддржиме професионалец без лош „бекграунд”

од Vladimir Zorba

„За Скопје немаме заземено став, меѓутоа ако дојде до соработка таа ќе се однесува за повеќе општини. Доколку кандидатот за Скопје биде професионалец, од новата генерација политичари, без лош „бекграунд” ние со Алтернатива сме подготвени да го поддржиме. Скопје заслужува промена, бидејќи овие четири години многу заостана во развојот“, изјави денеска Арбен Таравари од АА на новинарско прашање за најавите околу коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој исклучи секаква можност за соработка со ДУИ за Скопје, бидејќи како што рече, тие веќе склопиле коалиција со СДСМ.

Слични содржини