„Таргет-Тврдина“: Сопругата на премиерот Заев и неколку новинари биле прислушувани со денови

од Nikola Popovski

Обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов денеска во Кривичен суд даваат заврши зборови за случајот „Таргет Тврдина“, кое се однесува за масовното прислушкување од УБК од 2008 до 2015 година.

Според Ристовска, има три категории на оштетени лица од масовното незаконско прислушување во УБК.

„Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, била прислушувана 285 дена, новинарката Оливера Трајковска била прислушувана на три телефона и тоа по 400, 638 и 1.589 дена. Нелегално прислушувани биле и уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, новинарот Горан Михајловски 362 дена, Младен Чадиковски 471 дена, министерот Фатмир Бесими 1.422, Хари Костов 746 дена…“, објави Ристовска.

Судењето е во завршна фаза, меѓу обвинетите се и екс министерката во МВР Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и уште шест други лица од Управата.

Слични содржини